Млада мајка во саботата го убила своето новороденче во Хрватска. Како што пренесуваат локалните медиуми, телото го пронашол член на семејството кој за се ја известил полицијата.
Целиот случај го потврдија и од Државното правобранителство од каде наведуваат дека жената (22) се товари за тешко убиство, а судијата на истрагата и одредил притвор.
На 29.06.2024 година, заменик жупански дежурен државен правобранител, заедно со надлежните служби, спроведе истрага по основ на сомнение за сторено кривично дело и во соработка со надлежната полициска управа презеде други мерки и дејствија од нивна надлежност со цел да се утврдат сите околности на овој настан.
На 30.06.2024 година, ДОРХ, дежурен, по повод поднесена кривична пријава од надлежното полициско одделение, сослуша хрватски државјанин (2002 година) поради основано сомнение за сторено кривично дело тешко убиство од чл.111 т.2. од Кривичниот законик на штета на новороденче, по што е донесено решение за спроведување истражна постапка.