Мајка и две деца спасени по скоро десет дена од под урнатините во Турција

Спасувачите во Турција, кои ги пребаруваат урнатите згради во подрачјата погодени од катастрофалниот земјотрес, денеска извлекоа мајка и две деца од под урнатините, каде поминале цели девет и пол дена, или 228 часа.

Збунетата жена ги прашала своите спасувачи „Кој ден е денес? откако таа и нејзините две деца беа извлечени од урнатините во Антакија 228 часа по разорниот земјотрес, а локалните медиуми спасувањето го нарекоа чудо.