Мајка во Карпош си го оставила бебето во количка заедно со нејзини документи

Вчера во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката. 19-годишна мајка е приведена, нформираат од МВР.

Кај количката, имало и телефонски контакт, како и медицинските извештаи на мајката, а случајот бил пријавен во МВР.

„Полицијата ја пронајде мајката М.С.(19) од Скопје и ја приведе“, велат од МВР.

Засега нема детали за причините зошто бебето било оставено само.

По целосно расчистување и документирање, против мајката ќе следуваат соодветни пријави.