Една жена загина, а неколкумина се повредени во страотна несреќа што се случи синоќа во Хрватска, кога автомобил налета на пешаци.
Задарската полиција соопшти дека несреќата се случила околу 23 часот и 40 минути на хрватскиот остров Вир.
Мајка загинала во сообраќајна несреќа на островот Вир, а децата се тешко повредени, дознава хрватскиот портал 24сата. Во нив удрил автомобил, а потоа се превртел.
Поради се морало да интервенираат пожарникарите.
Очевидци опишале дека возачот не бил сам во автомобилот кој се превртел откако налетал на пешаци и дека наводно возачот бил пијан.
Мештаните опишуваат како тротоарот на местото на трагедијата не е асфалтиран, поради што пешаците ги возат децата по патот со колички.
– Страшно, возат како дивјаци, што со коли, квадрици или електрични скутери – опишува едниот, а другиот додава „Ова е полошо од Дивиот Запад“.
На местото на несреќата е извршен увид.