Пресметката се случила синоќа во бар на плажа во Ханиоти, Халкидики, познатото грчко одморалиште. Три лица се повредени, а едно од нив е во болница во тешка состојба.
Се започнало кога група Бугари го повредиле сопственикот на објектот и уште еден бугарски државјанин, удирајќи го со тупаници и клоци по лицето и телото, пишува грчкиот портал „Прототема“.
По доаѓањето на местото на настанот, полицијата била известена дека сторителите на оваа пресметка поседуваат ножеви и палки и чекале засилување.
Во меѓувреме, по само неколку минути од локалот се слушнале истрели, по што полицијата идентификувала и уапсила петмина бугарски државјани, кои според дојавата го нападнале сопственикот.
Во реонот биле пронајдени четири гранати.
Полицијата прибира изјави од очевидци за да се утврдат околностите под кои се случил инцидентот, но според локалните медиуми можно е да се вмешани лица од бугарската мафија.
Двајца мажи имаат прострелни рани, едниот во градниот кош, а другиот во раката и се пренесени во болница.
Во здравствениот дом е пренесен и сопственикот на кафеаната.
Со оглед на тоа што во моментот на судирот во кафеаната на плажата имало вечер со жива музика, на настанот имало и многу луѓе.
Тие побегнале од местото кога слушнале пукање.
„Имаше плачење, врескање и викање. Луѓето почнаа да бегаат. Сите излегуваа надвор. Тие извадиле ножеви и пукале. Малите деца трчаа со своите родители. Настана паника“, изјави за грчките медиуми една жена која присуствувала на настанот.