Матијас Гидсел од Данска – најдобар ракометар за 2023 година

Светската ракометна федерација ги објави најдобрите ракометари и ракометарки за 2023 година.

За најдобар ракометар е избран Матијас Гидсел од Данска, додека за најдобра ракометарка е избрана Хени Реистад од Норвешка.

Во категоријата за најдобар млад ракометар победи Елијас Елефсен а Скипаготу, додека во категоријата најдобра млада ракометарка славеше Лена Грандво.

Една третина од гласовите се на публиката, една третина на селекторите на репрезентациите што играа на СП 2023, додека една третина на гласовите се на Комисијата на ИХФ.