Матарела: ЕУ треба да дозволи поголема миграција за да се запре трговијата со луѓе

Европската унија треба да дозволи поголема легална миграција за да се запре трговијата со луди, изјави денеска италијанскиот претседател Серџо Матарела, поради зголемената имиграција во Италија.

„Мора да се постапува со миграциските феномени какви што се: глобалните движења, кои не можат да се избришат со ѕидови или бариери. „Редовните, одржливи и доволно високи квоти се единствениот начин да се искорени суровата трговија со луѓе, бидејќи изгледите и надежта дека тоа ќе дојде без нечовечки трошоци и страдања ќе ги убеди мигрантите да го чекаат својот ред“, рече Матарела, пренесе Ројтерс.

Италијанскиот претседател, кој како шеф на државата е непартиска личност, рече дека е неопходно да се преземе акција на ниво на ЕУ, и покрај фактот што миграцијата долго време е политички жежок компир во рамките на блокот, околу кој 27 земји членки не може да донесе унифицирани одлуки, пренесува Танјуг.

Матарела рече дека во својата канцеларија чува цртеж на тинејџерка жртва на бродолом со мигранти, која заминала за Италија со училишна задача сошиена во нејзината јакна, што покажува дека „сакала да дојде во Европа да учи“.

„Овој цртеж ме потсетува дека зад бројките и процентите на миграција што често ги наведуваме, стојат безброј луѓе, секој со своја приказна, проекти, соништа и иднина“, рече претседателот.

Премините од Северна Африка до Италија се зголемија повеќе од двојно од претходната година на околу 106.000, и покрај напорите на десничарската влада на премиерот Џорџо Мелони да ја спречи илегалната миграција и да ги ограничи хуманитарните чамци за спасување.

Владата во јули објави дека ќе ги зголеми влезните квоти за работниците мигранти кои не се членки на ЕУ на 452.000 за периодот 2023-2025 година.