Масло за јадење има доволно – тврди директор на „Витаминка“ и „Брилијант“

Генерелниот директор на „Витаминка“, во чија соственост е и „Брилијант“ – Сашко Наумовски изјави дека масло за јадење има во доволни количини, нема простор за паника и складирање на залихи.

„Од ден на ден се менуваат ситуациите, за три месеци имаме залихи за сите репроматеријали, се надеваме дека соседството ќе ги отвори границите за извоз на суровини. Добивме уверување од министерот дека сериозно се работи, со Србија ќе се договорат отворените граници за проток на пченица, брашно, масло, мислам дека за 3 месеци нема да ги имаме овие проблеми, ќе ги реализираме нашите договори со добавувачите“ – рече Наумовски.