Илон Маск – сопственикот на Твитер рече дека управувањето со оваа социјална мрежа е „турбулентно“ и дека ќе ја продаде компанијата доколку дојде вистински купувач, пренесува Би-Би-Си.
Маск, кој е на чело на производителот на автомобили „Тесла“ и ракетната компанија Спејс Икс (SpaceX), го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври, а неговото лично богатство се проценува на околу 190 милијарди долари.
Тој во интервју за Би-Би-Си на прашањето дали се кае што го купил Твитер, рече дека „нивото на болка е исклучително високо, а тоа не е некаква забава“.
Зборувајќи за неговото време на чело на Твитер досега, Маск рече: „Не беше досадно. Беше прилично возбудливо“.
Додаде дека тоа е „навистина стресна ситуација во последните неколку месеци“, но нагласи дека се уште верува дека купувањето на компанијата е вистинската работа.
Во однос на бројот на вработени, Маск истакна дека не било лесно да се намали од 8.000 кога го купил „Твитер“ на околу 1.500.