Маск ќе ги брише неактивните Twitter профили

Илон Маск, сопственикот и извршен директор на Twitter најави дека оваа мрежа ќе ги отстрани сметките што се неактивни веќе неколку години. Додаде дека корисниците може да забележат пад на следбениците.

Според политиката на Twitter, корисниците треба да се логираат на нивната сметка најмалку еднаш на секои 30 дена за да избегнат трајно отстранување поради продолжена неактивност.

Профилите нема да бидат избришани засекогаш, туку, како што Маск одговори на еден коментар, „ќе бидат архивирани“.

Претходно овој месец, Маск се закани дека Twitter профилот на Националното јавно радио ќе го префрли на друга компанија, откако јавниот радиодифузер престана да објавува содржини на своите 52 официјални канали на Twitter во знак на протест поради ознаката на Twitter што подразбира вмешаност на владата во нејзината уредувачка содржина.

Минатиот месец Twitter ја отстрани сината птица од профилите на илјадници луѓе, вклучително и познати личности, новинари и истакнати политичари.

Маск ја направи верификацијата на сметката дел од претплатата на Twitter Blue, потег што тој рече дека ќе го реши проблемот со бот профилите на социјалната мрежа.