Маск: Ни требаат повеќе нафта и гас

Сопственикот на „Тесла“ и најбогат човек на светот – Илон Маск, оцени дека фосилните горива се уште се неопходни „на краток рок“ за да може општеството да оди напред.

„Во овој момент, всушност ни треба повеќе нафта и гас, а не помалку“ – рече Маск на енергетската конференција во Норвешка.

Маск рече и дека не сака да ги „демонизира“ фосилните горива и дека „мора да имаме јасен пат кон одржлива енергетска иднина“.

„Реално, мислам дека треба да користиме нафта и гас на краток рок, бидејќи во спротивно цивилизацијата ќе пропадне“, рече Маск, пренесе „Ројтерс“.

„Еден од најголемите предизвици со кои се соочил светот е транзицијата кон одржлива енергија и одржлива економија. Ќе бидат потребни неколку децении“ – рече Маск.

Таа транзиција треба да се случи „што е можно побрзо“, смета тој.

Милијардерот исто така изјави дека неговите два најголеми приоритети во моментов се постигнување авто-пилот во автомобилите на Тесла и испраќање во орбитата на ѕвездата SpaceX, нов модел на ракета.