Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата „Тесла“, Илон Маск, изјави дека не му донирал електричен „сајбертрак“ на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
„Дали сте сериозно толку ретардирани што мислите дека сум донирал сајбертрак на руски генерал? Неверојатно“, му одговори Маск на корисник на „Икс“ кој тврдел дека милијардерот „дава воени возила за американските санкционирани непријатели“.
„Сајбертракот“ на Тесла беше претставен во 2019 година, а пуштен во производство во 2023 година.
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров викендов објави видео на кое седи зад воланот на „сајбертрак тесла“, со инсталиран митралез.
„Искрено му благодарам на Илон Маск. Тој очигледно е главниот гениј на нашето време, експерт, голем човек“, рече Кадиров, поканувајќи го Маск во Грозни.
„Овој сајбертрак ќе биде испратен во зоната за специјални воени операции“, рече тој во видеото.
I’m confused. @WestPoint_USMA just had @ElonMusk as its convocation speaker, when Musk is providing vehicles ready for military use to sanctioned enemies of America? Why isn’t this the biggest story in America today? Why is West Point coddling a man working openly against the US? https://t.co/JBGaMCWvrN
— Seth Abramson (@SethAbramson) August 17, 2024