Маск има 9,2% од акциите на „Твитер“

Илон Маск – извршниот директор на „Тесла“ поседува 9,2 отсто од акциите на „Твитер“, откако уплатил 2,89 милијарди долари.

Макс е најголемиот поединечен акционер во компанијата. Инаку, тој е еден од највлијателните корисници на „Твитер“, со повеќе од 80 милиони следачи.

Ова доаѓа само една седмица откако тој јавно го критикуваше „Твитер“ дека не е доволно демократски насочен.

Организираше анкета потоа, ги праша своите следачи дали сметаат дека Твитер „ригорозно се придржува“ до принципот на слобода на говор како алатка „суштинска за функционалната демократија“ и навести дека има план и резултатите од анкетата ќе бидат важни за некои натамошните чекори…

Макс сега е во добра позиција да преговара со Твитер за купување дополнителни акции наредниов период.