Илон Маск – сопственикот на „СпејсЕкс“ и „Тесла“ со повик до рускиот претседател Владимир Путин на дуел, со борба.
„Со ова го предизвикувам Владиир Путин на борба“ напиша Маск делумно на англиски, а делумно на руски.
Според него, влогот е Украина, ако тој победи – Путин треба да се повлече од земјата.
Твитот набрзо беше критикуван од многумина и оценет како несмасен и исмејување на несреќата на целата земја со привлекување вниманиа, а со употреба на ексцентрични пораки.
Вы согласны на этот бой? @KremlinRussia_E
— Elon Musk (@elonmusk) March 14, 2022
Сепак, Маск рече дека е сериозен и по 2 часа повторно повика на двобој.
„Дали се согласувата на борба“ напиша тој.
Маск претходно го поддржа отпорот што Украинците го водат за истиснување на руската инвазија, со тоа што, меѓу другото, воспостави сателитски интернет во Украина преку својот систем „Старлинк“.