Маск има „супер лошо чувство“ за економијата: Тесла отпушта 10 отсто од работниците
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, има „супер лошо чувство“ кога станува збор за економијата и затоа компанијата мора да го намали бројот на работни места за 10 отсто, се вели во е-маил испратен до раководните лица, а во која Ројтерс имал увид.
Пораката, испратена во четвртокот со наслов „Паузирајте ги сите работни места ширум светот“, доаѓа само два дена откако милијардерот им рекол на вработените дека повеќе нема работа од дома.
На крајот на 2021 година, Тесла имаше околу 100.000 вработени, а нејзините претставници не беа достапни за коментар за намалувањето на бројот на вработени.
Акциите на компанијата паднаа за речиси три отсто на американскиот пазар, додека на берзата во Франкфурт по извештајот на Ројтерс паднаа за речиси 3,6 отсто.
Маск во последните неколку недели предупредуваше за ризикот од рецесија, но неговата електронска пошта со наредба за намалување на бројот на вработени и запирање на вработувањето е најдиректната порака од тој вид.