„Слобода за Палестина“ – Протестен марш во Скопје

„Колку деца убивте денес?“, „Не во наше име!“ — со овие натписи на транспаренти се маршираше низ Скопје како знак на протест, организиран од иницијативата „Сите за Палестина“.

„Колку деца убивте денес?“, „Не во наше име!“ — со овие натписи на транспаренти се маршираше низ Скопје како знак на протест, организиран од иницијативата „Сите за Палестина“.

Беше упатен повик за правда, одговорност и солидарност, со барање властите на земјата да го признаат геноцидот и да постапат согласно меѓународното право.

Фокусот беше ставен на итно и непречено испраќање на хуманитарна помош во Газа и праведна реконструкција предводена од палестинскиот народ.

Организаторите истакнаа дека запирањето или условувањето на помошта претставува прекршување на меѓународното право и побараа активен надзор и отчетност од владите и меѓународните институции за секоја пречка.

Маршот започна пред споменикот „Симфонија на мирот“, продолжи кон Собранието и заврши пред Министерството за надворешни работи.