
„Марш за ангелите“ во Кочани: Правдата што доцни не е правда
„Драги сограѓани, доста е! Веќе предолго ОЈО ГОКК (Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција) ја влече постапката што почна на 12 јуни 2025 година. Со месеци слушаме дека во завршна фаза, а одлука нема. Во трагедија од вакви размери секое доцнење е неправда. Бараме рок, одлука и одговорност. Нема да дозволиме овој случај да стане уште една затурена папка. Ќе бидеме тука додека правдата конечно не биде испорачана. Правдата што доцни не е правда“, рече Верица Трифунова, мајка на починатата Моника Спасова.
Правдата што доцни не е правда – порачаа денеска родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 36-тиот „Марш за ангелите“.
На маршот беше дадена поддршка на лицата против кои синот на сопственикот на „Пулс“ поднесе тужба поради демолирањето на кафулето „Класик“ во трговскиот центар во градот.
Родителите и блиските на загинатите повторно побараа одговор до каде е истрагата против осомничените полициски службеници кои кобната вечер биле во „Пулс“.
„Драги сограѓани, доста е! Веќе предолго ОЈО ГОКК (Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција) ја влече постапката што почна на 12 јуни 2025 година. Со месеци слушаме дека во завршна фаза, а одлука нема. Во трагедија од вакви размери секое доцнење е неправда. Бараме рок, одлука и одговорност. Нема да дозволиме овој случај да стане уште една затурена папка. Ќе бидеме тука додека правдата конечно не биде испорачана. Правдата што доцни не е правда“, рече Верица Трифунова, мајка на починатата Моника Спасова.
Семејствата прашаа и како може лице за кое се говори дека е осомничено во врска со трагедијата да продава имот кога во тек е судска постапка.
Инаку, семејствата на загинатите, на почетокот на денешниот „Марш за ангелите“, со една минута молк оддадоа почит на Фросина Кулакова која пред една година беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани треба да продолжи в понеделник (26 јануари) со искази на петмина сведоци на Обвинителството.