Универзитетската професорка Ана Мартиновска во емисијата Трилинг истакна дека ЛГБТ темата е сензитивна и дека вечно живееме во конзервативно и патријахално општество во кое секое споменување на родот, родовиот идентитет и сексуалните определби, особено на малцинските сексуални заедници е еден вид на табу за кое малку се зборува.
- Малку се зборува отворено, малку го имаме во образованието и каде го има е проследено со стереотипизација. Во медиумите сликата е иста, имаме дискриминација и отворено прашања. сензитивно е зошто не сме едуцирани по тие прашања и не се обидуваме да се едуцираме. – вели Мартиновска.
Мартиновска вели дека Парадата на гордоста добива поиздржано информирање во јавноста од изминатите години кога имавме многу негативна конотација во медиумите. Љубовта е љубов и секој има право на изразување, но не само за себе и по дома.
- Сите имаме право на еднаквост, достоинство и правда. Борбата е општествено прифаќање и трансформација која оди паралелно со трансформација на свеста на поединци. Најголемата одговорност ја носат оние кои ја носат власта и ги носат законите. Тие не се доволни во промената на законската легислатива кога ќе ги следи овие промени и ќе ги заштити тие луѓе од дискриминација и од сите проблеми со кои се соочуваат. – вели Мартиновска.
Таа смета дека и образовниот систем треба да одигра голема улога за овие теми, како и медиумите кои ја креираат јавната слика и затоа треба да се работи во сите сегменти во општеството.