
Марта Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија
Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, денес по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад напиша дека „таа трагедија ја менува Србија“.
Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, денес по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад напиша дека „таа трагедија ја менува Србија“.
„Пред една година, железничката станица во Нови Сад се урна и одзеде 16 животи. Денес се сеќаваме на нив“, напиша Марта Кос на мрежата Икс.
„Таа трагедија ја менува Србија“, напиша Кос. Како што изјави, таа трагедија „ги поттикна масите да се залагаат за одговорност, слобода на изразување и инклузивна демократија“, нагласувајќи дека тоа се „истите вредности што ја водат Србија кон ЕУ“.
Денеска во Нови Сад се одржува комеморативен собир на годишнината од трагедија на кој ќе присуствуваат стотици илјади луѓе, од кои повеќето се веќе таму.