Марта Кос: Северна Македонија да го смени Уставот, ништо повеќе и ништо помалку
Запрaшана дали ќе работи на добивањето гаранции, како што бара премиерот Христијан Мицкоски, дека нема да има нови блокади на Македонија ако ги усвоиме уставните промени, Кос целосно се огради политички. „Јас не сум таа што може да дава гаранции“, рече кратко Кос.
Новоизбраната еврокомесарка за проширување, Словенката Марта Кос, очекува Македонија да го исполни условот за уставни измени, како што рече – ништо повеќе и ништо помалку. Зборувајќи со новинарите по изборот на новата Европска комисија таа порача дека не може да и даде гаранции на Македонија од типот на тие што ги бара македонската влада.
„Очекувам Северна Македонија да го смени Уставот, ништо повеќе и ништо помалку. Очекувам дека е можно да се постигне тоа“, рече кратко Кос околу прашањето што и порачува на владата во Македонија, јавува Независен.
Запрaшана дали ќе работи на добивањето гаранции, како што бара премиерот Христијан Мицкоски, дека нема да има нови блокади на Македонија ако ги усвоиме уставните промени, Кос целосно се огради политички.
„Јас не сум таа што може да дава гаранции“, рече кратко Кос.
Таа исто така порача дека ќе ги посети сите земји кандидати и дека, конкретно околу Македонија, ќе зборува со властите кај нас и во Бугарија за да им укаже дека решението е кај нив, а не во Брисел.
„Ќе зборувам колку што е можно повеќе со луѓето кај вас и во Бугарија. Треба да покажеме дека е во ваши раце решавањето на овој билатерален проблем. Со ова и следејќи ги европските вредности на двете страни, ќе можеме да го направиме тоа што е најдобро за Северна Македонија и тоа што е најдобро за Европската унија“, порача Кос.