Марта Кос: Промена на Уставот, ништо помалку, ништо повеќе
Ова денеска го порача кандидатката за комесар за проширување на ЕУ, Марта Кос, за време на сослушувањето за потврдување на нејзината кандидатура, одговарајќи на прашања од бугарските европратеници, кој е нејзиниот став за уставни измени со одложено дејство за кои се залага владата на премиерот Мицкоски.
„Одговорот е јасен и одговорот е дел од овогодишните извештаи за проширувањето – очекуваме земјата кандидатка Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку. Владеење на правото, почитување на човековите права, право на припадност на малцинства, повторно член 2, е основата. Оттука, очекуваме владата на Северна Македонија да го исполни ова барање“.
Ова денеска го порача кандидатката за комесар за проширување на ЕУ Марта Кос, за време на сослушувањето за потврдување на нејзината кандидатура, одговарајќи на прашања од бугарските европратеници, кој е нејзиниот став за уставни измени со одложено дејство за кои се залага владата на премиерот Христијан Мицкоски.
Бугарските европратеници – членови на комитетот за надворешни работи ја прашаа Кос и за тоа како ќе се решаваат билатералните прашања меѓу земји членки и земји кандидатки, како што е тоа случајот меѓу Софија и Скопје, и дали таа, ако биде потврдена за еврокомесар за проширување, ќе работи на тоа да се почитуваат правата на Бугарите во Северна Македонија.
„Исполнувањето на обврските е многу важно. Кога зборувам за билатерилизација на можни спорови меѓу земји членки и земји кандидатки, интересот на земјите членки секако дека доаѓа прв. Она што јас го гледам, а тоа ќе биде моја работа ако бидам потврдена за еврокомесарка, јас и моите колеги ќе направиме се што можеме за да не увезуваме билатерални прашања во процесот на проширување. Но, имаме ситуација како во вашата земја кога сево ова е дел… Штом го имаме процесот на преговори имаме на располагање повеќе алатки како да им помогнеме на земјите кандидатки, но и на земјите членки да постигнат решение. Нема друг начин. Не можам да поставам датум колку долго ќе трае тој развој, но недоразбирањата треба да ги надминеме врз основа на нашите вредности“, истакна Кос.