Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес ги објави имињата на кандидатите за еврокомесари, а портфолиото „проширување“ го доби Марта Кос од Словенија.
Иако имаше најави дека позицијата за проширувањето ќе има висок профил во овој мандат и дека еврокомесарот за проширување ќе биде и потпретседател на Европската комисија, од овој список испаѓа дека сите тие планови паднале во вода и место силен – во Брисел ќе имаме слаб поттурнувач на проширувањето.
Уште повеќе што за кандидатурата на Марта Кос се уште се кршат копјата во Словенија и таа практично нема силна поддршка во сопствената држава, а доаѓа од земја која нема голема тежина во ЕУ. Единствен плус за нас е што таа е од земја од поранешна Југославија, блиска до регионот и со повеќе разбирање за потребите тука отколку некој што би бил фокусиран на Украина и Молдавија. На листата на новата извршна власт на ЕУ се:
Урсула фон дер Лајен (Германија): претседател на Европската комисија
Тереза Рибера (Шпанија): извршен потпретседател за чиста, праведна и конкурентна транзиција
Хена Виркунен (Финска): извршен потпретседател за технички суверенитет, безбедност и демократија
Стефан Сежурне (Франција): извршен потпретседател за просперитет и индустриска стратегија
Роксана Минзату (Романија): извршен потпретседател за луѓе, вештини и подготвеност
Рафаеле Фито (Италија): извршен потпретседател за кохезија и реформи
Каја Калас (Естонија): всок претставник за надворешна и безбедносна политика
Магнус Брунер (Австрија): внатрешни работи и миграција
Хаџа Лахбиб (Белгија): подготвеност, управување со кризи, еднаквост
Екатерина Захариева (Бугарија): стартапи, истражување и иновации
Дубравка Шуица (Хрватска): Медитерана
Костас Кадис (Кипар): Рибарство и океани
Јозеф Сикела (Чешка): Меѓународни партнерства
Дан Јоргенсен (Данска): Енергија и домување
Апостолос Цицикостас (Грција): Одржлив транспорт и туризам
Оливер Вархеји (Унгарија): здравје и благосостојба на животните
Мајкл Мекграт (Ирска): демократија, правда и владеење на правото
Валдис Домбровскис (Латвија): економија и продуктивност, имплементација и поедноставување
Андриус Кубилиус (Литванија): одбрана и простор
Кристоф Хансен (Луксембург): земјоделство и храна
Глен Микалеф (Малта): меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт
Wopke Hoekstra (Холандија): клима, нето-нула и чист раст
Пјотр Серафин (Полска): буџет, против измама, јавна администрација
Марија Луис Албакерки (Португалија): финансиски услуги
Роксана Минзату (Романија): луѓе, вештини и подготвеност
Марош Шефчовиќ (Словачка): трговско-економска безбедност, меѓуинституционални односи и транспарентност
Марта Кос (Словенија): проширување
Џесика Розвал (Шведска): животна средина, отпорност на вода и конкурентна кружна економија.