Браво, #Албанија! Денешното отворање на преговорите за реформскиот кластер за надворешни односи е причина за славење.
Ваква порака упати денеска Комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос.
„Ова е јасно признание за целосното усогласување на Албанија со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и нејзината долгогодишна улога како сигурен безбедносен партнер на глобалната сцена. Штотуку заврши третиот состанок на Пристапната конференција со Албанија под унгарското претседателство“, објави таа на мрежата Х.
Како што нагласува целата земја вложила огромни напори за овој чекор.
„Нека продолжи оваа посветеност, особено за владеење на правото и слободата на изразување…Подготвена сум да го поддржам отворањето на преостанатите кластери до крајот на следната година. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Албанија на нејзиниот амбициозен пат кон ЕУ“, напиша таа.
Ова е трета Меѓувладина конференција на Албанија со ЕУ, која, според премиерот Еди Рама, полноправна членка ќе стане во 2030 година.