Марк Цукерберг на денешен ден пред 20 години го направи Фејсбук

FACEBOOK денес го слави својот 20-ти роденден.

На 4 февруари 2004 година, Марк Цукербер и неговите колеги од Харвард лансираа социјална мрежа која набрзо ги освои повеќето корисници на Интернет.

Фејсбук прво се прошири на други американски универзитети, за да биде целосно отворен за сите во 2006 година.

Во 2023 година, повеќе од 3 милијарди корисници го отворија Фејсбук барем еднаш месечно, 3 отсто повеќе од претходната година.

Сепак, Фејсбук денес е претежно мрежа за „старите“. Инстаграм и ТикТок се многу попопуларни кај помладите генерации.

Покрај тоа, најмногу доминираат YouTube, WhatsApp и WeChat.