
Марко Ѓуриќ: Нашите служби имаат јасни докази за диверзијата на каналот Ибар-Лепенец
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ денеска изјави дека безбедносните служби и државните органи имаат јасни и цврсти докази во врска со диверзијата на каналот Ибар-Лепенец, што се случи на 29 ноември лани, според кои е јасно дека во тој инцидент била вмешана и приштинската полиција.
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ денеска изјави дека безбедносните служби и државните органи имаат јасни и цврсти докази во врска со диверзијата на каналот Ибар-Лепенец, што се случи на 29 ноември лани, според кои е јасно дека во тој инцидент била вмешана и приштинската полиција. Тој додаде дека очекува реакција од меѓународните актери.
„Факт е дека нашите власти имаат јасни докази и убеден сум дека немаше да излезат во јавноста доколку немаа цврсти докази. Нашата истрага не траеше половина час како нивната, туку беше прашање на неколкумесечна анализа што покажа вмешаност на полицијата во Приштина во тие настани. Сега очекувам реакција на меѓународните актери кои мораат тоа да го предадат на правосудните органи и да има последици за тие кои издале наредба“.
Тој додаде дека со последиците ќе мора да се соочат помошниците и соработниците на Албин Курти или кој било кој издавал политички наредби.
Во крајот на ноември лани во експлозија беше оштетен каналот Ибар – Лепенец во Зубин Поток.