Марко Ројс ги честеше пиво сите фанови кои го следеа неговиот последен меч во Дортмунд

Напаѓачот Марко Ројс ги послужи со пиво сите навивачи на Борусија Дортмунд кои во живо го следеа неговиот последен натпревар за „жолто-црните“ на „Сигнал Идуна Парк“.

Тие победија со 4-0 против Дармштад пред 81.000 луѓе.

„Благодарен сум ви за сѐ. Збогум и пивото е од мене. Засекогаш вашиот Марко“ – напиша напаѓачот на Борусија Дортмунд.

Борусија Дортмунд го победи Дармштад со 4-0 во прошталниот домашен натпревар на Ројс, кој постигна гол и забележа асистенција.

Сепак, ова не е последен меч на напаѓачот со жолто-црниот тим, бидејќи Борусија Дортмунд ќе игра во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

„Тешко е да се смисли нешто пооригинално од тоа. Ќе беше совршен крај ако немавме уште еден натпревар за две недели. Се надевам дека ќе можеме да ги носиме добрите вибрации со нас во Лондон” – изјави спортскиот директор, Себастијан Кел.