
Марковски: Пречистителната станица е еден од најкапиталните проекти за Скопје
➡ Пречистителната станица за отпадни води е еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, но и за целата држава, кој е во фаза на реализација, се вели во соопштението од кандидатот за градоначалник на Град Скопје Горан Маркоски.
Пречистителната станица за отпадни води е еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, но и за целата држава, кој е во фаза на реализација, се вели во соопштението од кандидатот за градоначалник на Град Скопје Горан Маркоски.
Професорот Горан Марковски, кој е независен кандидат за градоначалник на Скопје, поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“, денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за овој проект, како еден од најсуштинските за градот.
– За жал, овој проект беше мета на дневнополитичките игри и пресметки од институциите и партиите. Во наредниот период, доколку ја добијам поддршката од граѓаните целосно ќе се фокусираме на навремена и целосна изградба на пречистителната станица, која треба да овозможи заштита на животната средина и подобар квалитет на живот за сите скопјани, истакна Марковски.
Професорот Марковски напомена дека здравјето на граѓаните мора да биде прв приоритет, а секоја мерка и политика треба да бидат во таа насока: почист воздух, вода и почва.
Тој продолжува со своите активности во рамки на кампањата, средбите со граѓани и јавните настапи кои имаат за цел да овозможат презентација на програмата за подобро Скопје.
Марковски ги повика граѓаните да гласаат за бројот 128 за градоначалник на Скопје, како и за бројот 35 за листата на советници за Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска.