„Посебно ме иритира што ова мириса на оние комунистички игри, кои постојат од кујната на Каракачанов или Захариева, кои имаат цел да го урнисаат процесот, знаејќи овде каква ќе биде реакцијата. Реакциите се такви како што се, не бутнаа во еден национален консензус со нивната несмасна политиката. Разбирам како Владата реагира млако, но не можам да ја оправдам. Јасна ми е замката, тоа е припремена игра, кај што ние ќе им забраниме да го основаат клубот, они ќе почнат да плачат дека сме им забраниле, кој што можеше да се вика било како поинаку, но не Ванчо Михајлов. Не ми е јасно дали овие 3.500 што се попишаа како Бугари сакаат да се перцепираат низ призмата на таква контроверзна историска личност и дали Бугарија сака да биде перцепирана низ ликот и делото на Михајлов“.
Ова е ставот за саботното отворање на бугарскиот клуб во Битола на универзитетскиот професор – Ненад Марковиќ искажан на тв Телма.
Марковиќ на ова гледа како на голема навреда.
„Македонија никогаш не асимирала како нив. Се надевам дека ќе сфатат дека ова беше голема грешка. Ова ги закочи работите и создаде зла волја. Проблемот е во тоа што тоа е позицијата на Бугарија. Немаат намера да признаат македонски јазик и народ. Ако спорот повторно отиде во идентитетските прашања, нема никогаш да има успех. Ако се сведе на вклучување на Бугарите во Уставот, може нешто да се извлече од ситуацијата“ вели Марковиќ.