Марковиќ: ДУИ изиграа многу мудро вчера не гласајќи за интерпелацијата на Гаши

Професорот Ненад Марковиќ денеска истакна дека ДУИ вчера, на седницата за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши, изреагирале многу мудро.

Тој во интервју за Сител телевизија порача дека тоа било не толку неочекуван потег на ДУИ.

„Тие се една искусна политичка партија која знае дека доколку го направеа спротивното, веројатно ќе можеше да се ловат, условно кажано, или да се дисквалификуваат нивните политички потези токму на база на недостаток на етничка солидарност. Така да тие одлучија сепак да се солидаризираат со тоа дека спикерот на Парламентот е Албанец и дека не би требало во таква ситуација, да се „брца“ во око на албанскиот гласач и можеби затоа се повлекоа од било каква идеја да учествуваат во таква расправа, да бидат активен чинител токму заради тоа што се свесни дека мобилизацијата кај албанските партии, па и други партии, оди по етнички принцип“ – вели Марковиќ.