Маркет вижн: 17% предност на коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ пред коалицијата на СДСМ

Анкета на Маркет Вижн, за МКД.мк. Според рејтингот на политичките партии, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство – 27,2 %. Коалиција предводена од СДСМ би освоиле 10,7 отсто од гласачите.

Дури 70 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека работите во Македонија се движат во погрешна насока. Само 16,5 отсто од испитаниците одговориле дека насоката е правилна.

Како и на претходната анкета од декември лани, за граѓаните во државата најголемиот проблем се криминалот и корупцијата (29,2%), на второ место е инфлацијата, растот на цените и трошоците за живот (17,6%), невработеноста 14,2 отсто, емиграцијата, отселувањето на младите 7,8 отсто…

Дека Владата неуспешно се справува со овие проблеми сметаат 66,6 отсто од испитаниците во анкетата, а само 5,7 отсто од нив велат дека власта тоа го прави успешно.

Ако се оценува успешноста на Владата од 1 до 10, тогаш средната добиена оценка би била тројка – 3,03.

Токму затоа 71,4 отсто од анкетираните одговориле негативно на прашањето дали Владата заслужува уште еден мандат.