Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека Москва е подготвена да достави храна и ѓубрива за многу земји за да избегне криза со храна, но тврди дека САД го спречуваат тоа.
„Свесни сме за важноста на рускиот извоз на храна за социо-економскиот развој на многу земји“, рече Захарова на прес-конференција, пренесува РИА Новости.
Таа изјави дека воената поддршка за Киев и испораката на оружје за Украина ги доближуваат земјите на НАТО до отворен конфликт со Русија.
„Се чини дека земјите од НАТО се тркаат да го снабдат режимот во Киев со оружје и муниција, да обезбедат разузнавачки информации, да обучуваат персонал и да издаваат инструкции за извршување на борбени операции, со што се повеќе се доближуваат до опасната линија на директен вооружен конфликт со Русија“ – рече Захарова.