„Не сакам да им го расипувам празникот на децата со политички изјави. Ќе се вратиме од понеделник. Мора да има одржлива политика, мора да има јасни принципи“, рече претседателот.
„Идејата за уставна влада е добра, но прво нека има просто мнозинство за да имаме влада. Ова е најважно за да имаме парламент што може да го разгледа прашањето за уставни промени“, рече Радев, цитиран од БНТ.
Понеделник е рокот во кој кандидатот за премиер на ГЕРБ, Марија Габриел, мора да излезе пред претседателот со завршен мандат – односно со конкретни имиња на министри.
Таа ја има поддршка од ДПС и ИТН. Разговорите за министрите се во тек.