„Ставот на Македонија, сега Северна Македонија е многу јасно утврден со Декларација на Собранието донесена уште на почетокот на 2010 година. Тогаш нашето собранието едногласно со гласање на сите политички партии ја поддржало резолуцијата на европскиот парламент усвоена за Сребреница во 2009 година, каде што Сребреница е осудена како геноцид“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Канал 5.
Тој, сепак, додаде дека треба да се разграничи осудата на тоа што се случоло во Сребреница како геноцид и дека тоа нема никаква врска, ниту може да значи дека таа дамка во Сребреница можеда се фрли врз целиот српски народ или Србија.
„Тоа сме должни да го разграничиме сите, затоа што не е коректно према ниту еден народ да се стигматизира цел народ и држава. Затоа мислам дека не треба и не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ. Напротив, ние негуваме блиски односи, блиски релации и со Србија и со српскиот народ. Ги цениме нашите традиционално добри односи и сакаме да ги градиме и понатаму“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека одговорноста на Среберница мора да се индивидуализира и затоа постојат меѓународните трибунали и судови и таа одговорност треба да биде јасно утврдена, со име и презиме.