„Клучната разлика меѓу првата верзија и втората верзија на францускиот предлог, која ја прифативме е токму почетокот на преговорите и процесот на скрининг. Значи, да не биде самиот почеток условен од уставните измени, туку да се даде шанса тој процес да започне да отиде во некоја точка, во некоја фаза и од друга страна Бугарија да има гаранција дека тој процес нема бескрајно да трае, како што се обидува ВМРО-ДПМНЕ да го направи. Тоа е суштинската разлика меѓу двата предлога,“ рече првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во Топ Тема на ТВ Телма.
Тој посочи и дека, се согласува дека треба да се бара консензус. Притоа, додаде дека од прв ден на позицијата вицепремиер, инсистира сите клучни документи кои ги изготвува секретарот за европски прашања да одат на Националниот совет за интеграција.
„Разговарав и со претседателот на Националниот совет, Александар Николоски, да направиме измени или да донесеме закон за преговори во кој што Националниот совет ќе има една силна улога во дискусијата и влијание врз преговарачките позиции. Значи, парламентот и опозицијата да добие улога во целиот процес за да Владата има посилни позиции затоа што ние и во тој дух ги испратив и ги дискутиравме и ги усвоивме со консензус патоказите за владеење на право на реформи во јавната администрација во Собранието,“ посочи Маричиќ.