Маричиќ: Ние ќе почнеме преговори како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Бојан Маричиќ – вицепремиерот за евроинтеграции рече дека е горд што Владата го одбранила македонскиот интерес во преговорите со Бугарија кои биле искрен и отворен дијалог.

„Во тој процес бевме исклучиво водени од интересот на граѓаните и затоа сум горд што ги одбранивме нашите позиции и на достоинствен начин го направивме нашиот јазик и идентитет европски. Ние ќе почнеме преговори како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Историјата им ја оставаме на историчарите и овие прашања не се во преговарачката рамка. Договорот за добрососедство со Бугарија се наоѓа во општиот дел на рамката, а не во патокази според кои ќе бидеме дополнително оценувани“ – рече Маричиќ на денешната прес-конференцијата по средбата со германскиот специјален преставник за Западен Балкан – Мануел Сарацин.

Според него, време е да се запечатат македонскиот јазик, идентитет и иднина.

Маричиќ потенцираше дека „кога се отвораат вратите за нас за да седнеме на иста маса со развиените земји, потребни се одлуки. Потребно е како држава да покажеме обединетост“.