„Истиве овие актери кои што прават анкети, се слушаат во снимените телефонски разговори, како им се нарачуваат и како ќе ги спреведуваат анкетите. Ништо непознато ние не слушнавме. Дека ВМРО-ДПМНЕ ги пумпа анкетите во своја полза и потоа тоа медиумски го пласира. Тоа го знаат сите.Сега само се верификуваше и потврди на дело,“ рече првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на поткастот „Политиканти“.
Тој посочи дека тоа буди една граѓанска јавност дека овде се работи за навистина различни концепти, за еден демократски концепт и во кој нема потреба да се измислуваат анкети и другиот.
Во врска со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени, првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка Бојан Маричиќ посочи дека тоа не се реални предлози, туку за замајување на јавноста тие заблуди на ВМРО-ДПМНЕ скапо ќе бидат платени.
„Единствен начин да ги тргнеме крупните прашања со Бугарија од маса е да ги завршиме уставните измени. После тоа Бугарија нема да има политичка сила и разбирање да наметне второ вето на било кое прашање. Затоа што во текот на разговорите ние бевме прашани од французите кое е за нас најважното прашање. А ние одговоривме да не се разговара за темата македонски јазик, и се прифати така како што е македонски јазик, без фусноти и додавки, и да покаже Бугарија дека нема против, со тоа што ќе го потпише ФРОНТЕКС на македонски јазик, што и се случи,“ рече Маричиќ.