„Можна е нова блокада од Грција, ако новата власт продолжи да не го употребува уставното име“, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на тв21.
„Ако нашата влада продолжи да не го користи уставното име, тогаш Грција ќе направи тема на секој меѓународен собир, и Грција нема да пропушти да го спомене сето тоа како што се случува и во моментов. Можно е на крајот да добиеме и нова блокада од Грција, но јас сум верувам дека тоа нема да се случи“, додаде Маричиќ.
„Се покажаа точни моите прогнози дека ВМРО-ДПМНЕ не блефира, и дека не планира да ги направи Уставните измени и да не го почитува Преспанскиот договор. Имаме шанса да се спасиме од ширење на ветото. Имаме вложено многу во изминатите години во креирање на Преспанскиот договор и би била голема штета после се што направивме поради неодговорни изјави, да влеземе во тунел во кој тешко ќе излеземе. Затоа што Грција објективно е далеку помоќна членка на Бугарија и може да направи повеќе штета за нас. Јас сум убеден дека дел од проблемите излегуваат од недоволно знаење во однос на Преспанскиот договор, и од новата власт ќе имаат соодветно време да го проучат и да разговараат. Им советувам да разговараат со грчката страна, ако имаат добра намера, ако не, доволно е да продолжат вака, и уште 2-3 изјави и односите со Грција ќе отидат во друга насока“, порача Маричиќ.