„Дигиталната битка на овие избори ќе ја добијат СДСМ и демократскиот блок бидејќи гласот и ставот на луѓето кои се борат за социјална правда и за еднаквост секогаш е посилен и погласен од тајните подрумски структури на национализмот“, потенцира Маричиќ во својата објава.
Тој додаде дека СДСМ ја шири својата дигитална акција, преку постојано приклучување нови и посветени подддржувачи на социјалдемократската кауза.
„Им благодарам на сите активисти од Изборна единица 1 кои денес ни се приклучија на работилницата на #СДСМ посветена на #ДигиталнаАкција“, напиша Маричиќ.