Маричиќ: Иднина во ЕУ, а не изолација. Тоа е нашата определба!

Вицепремиерот Бојан Маричиќ, денеска заедно со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир одржаа прес-конференција по повод објавувањето на Извештајот на Европската комисија за 2023 година.

Маричиќ го поздрави и објавениот План за раст на економиите на Западен Балкан, што значи дека со планот за раст ќе биде засилена нашата и регионалната економија, ќе се намалуваат разликите со економиите на земјите членки на ЕУ, ќе се овозможува пристап до европскиот заеднички пазар, и ќе се забрзува интеграција на Западен Балкан во Европската унија.

Маричиќ се осврна и на Извештајот кој објасни дека Комисијата, даде објективен пресек на состојбите и напредокот во реформите и ги идентификува областите каде треба да се зголемуваат напорите и да испорачаме повеќе резултати. Во овој контекст тој нагласи дека имаме прогрес во голем дел од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје и сме со соодветно ниво на подготвеност со вкупна оценка на подготвеност на земјата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“, кој е и солидна и константа неколку години наназад.

Маричиќ истакна дека, „Ги прифаќаме укажувањата во извештајот и ги сметаме за важен показател за нашиот напредок, тоа е рефлексија на нашата секојдневна борба за унапредување на општеството, а ние не смееме да дозволиме да ги пролонгираме роковите кои се јасно определени, земјата ги продолжува напорите за ЕУ реформите.

– Како вицепремиер за европски прашања и главен преговарач, ја потенцирам констатацијата на Комисијата, која ја споделуваме и ние дека „Владата и администрацијата мобилизираа значајни ресурси и активно учествуваа во скрининг процесот, кој ни ја дава основата за дефинирање на идните реформски приоритети од ЕУ агендата, кои треба да се спроведуваат и за кои неминовно е потребен широк општествен консензус. Во таа насока работиме на подготовка на патоказите за владеење на право, реформите во администрацијата и функционирањето на демократските институции – рече Маричиќ.