Маричиќ: Иако имаме спротивни ставови, духот на средбата беше конструктивен

Разменивме идеи околу тоа како може во наредна фаза и Собранието и Владата да се постават за европскиот предлог. Иако имавме различни ставови по многу прашања, духот беше конструктивен и мислам е добро да има вакви средби, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по денешната средба на партиските работни групи во Клубот на пратеници посветена на разгледување на последниот француски предлог за укинување на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската унија.

Маричиќ посочи дека на состанокот ги изнеле нивните позиции, како СДСМ и Владата дека овој предлог ги задоволува или излегува во пресрет на очекувањата на нашата земја.

Дополнително, како што информира тој, предложиле текст со предлог заклучоци.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, изнесе и други идеи поврзани со евентуални промени на преговарачката рамка.