Бојан Маричиќ – заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања во рамки на Преспа форумот за дијалог, во текот на вториот ден од Конференцијата со свое обраќање ја отвори сесијата насловена: „Западен Балкан – управување во турбулентни времиња” на која ја потенцираше важноста на кредибилноста на ЕУ, перспектива за сите земји од регионот, согласно нивниот напредок во внатрешните реформи.
„ЕУ од секогаш била и ќе биде најважниот политички и мировен проект. Ако тоа не беше случај, воопшто немаше да збруваме за украинските перспективи, за придружување на сите држави од источното партнерство. Затоа, важно е да се има на ум дека ЕУ е сè уште многу повеќе политички и мировен проект, отколку само економски или проект на заеднички пазар“ – истакна Маричиќ.
Тој рече дека е потребен подинамичен процес на пристапување којшто ќе овозможи на општествата и на нашите граѓани поголемо дружење и социјализирање, многу повеќе за да нè подготви за членството.
„Слушнавме за идеите за фазно пристапување, нешто кое ќе го направи процесот на пристапување многу подинамичен и покорисен за кандидатите и можеме да прифатиме дека тоа навистина ни е потребно што е можно поскоро“ – посочи Маричиќ.