„Денес на Бобан Карапејовски од ЗНАМ му го презентирав нашиот План за европска Македонија и за членство во ЕУ до 2030 година,“ пишува на својот ФБ профил првиот вицепремиер Бојан Маричиќ.
Понатаму, Маричиќ истакнува дека е добро е што има промена на нивната позиција и што сега велат дека би прифатиле уставни измени со цел европска интеграција на државата.
„Ние ќе продолжиме да разговараме со сите граѓани бидејќи нема повредно нешто од остварувањето нов национален успех како што е членството во ЕУ,“ порачува Маричиќ на ФБ.