Маричиќ: Граѓаните ќе почувствуваат како е да се биде дел од ЕУ многу порано од предвиденото

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната конференција на тема „Гледање напред кон Земјите на Западен Балкан во ЕУ, искористување на моментумот за проширување“ рече овој моментум е посебна шанса за земјите од Западен Балкан и истата треба да се искористи.

„Пораката од Шарл Мишел не смееме да ја забораваме, треба да се фокусираме и да ја искористиме, да се држиме кон 2030 како индикатор за нашите планови. Државите од Западен Балкан мора да гледаат далекусежно и да се фокусираме на реформите кои што ќе ни донесат просперитет“ рече тој.

Во дискусијата Маричиќ се фокусираше на Планот за раст со која земјите од Западен Балкан можат многу да добијат нарекувајќи ја „Револуционерна одлука за проширувањето на Европската Унија.

„Со Планот за раст првпат се отвораат можности за вклучување во програми во кои не сме биле досега вклучени, со што се овозможува и пристап до финансиска помош со која ќе се овозможи реализација на реформите најпотребни за реализација на процесот“ порача Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека 2030 треба да биде индикативна година и план за вклучување на земјите од Западен Балкан, со што на граѓаните ќе им се укаже можност и ќе почувствуваат дека се дел од Европската Унија, ја поздрави храбрата политика на ЕУ за раст на унијата и стратегијата која ја планираат за проширувањето.

„Не смееме да го пропуштиме овој момент, немаме време за чекање, мораме да ја искористиме шансата да се вклучиме во европскиот фронт каде што се вклучени сите. Да не се навлегува во тунелот на чекање, кој може да биде изгубено скапоцено време за нас“ порача Маричиќ.