Бојан Маричиќ – вицепремиерот задолжен за европски прашања е во еднодневна посета на Црна Гора. Таму ќе учествува на годишниот Самит на Демократијата во Југоисточна Европа, посветен на „Војната во Европа: Влијанието на Балканот“, во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Маричиќ ќе се обрати на панел дискусијата на тема: Променливата политичка и безбедносна динамика во Западен Балкан, заедно со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Маричиќ во рамки на Самитот ќе има билатерална средба со премиерот Абазовиќ, на која тема на разговор ќе бидат политичките случувања на домашна и меѓународна сцена, напредокот во реформите и евроинтеграциите и унапредување на регионалната соработка во пресрет на одржување на Самитот на „Отворен Балкан“.