Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека има пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ги поддржат уставните измени за внесување на Бугарите во преамбулата во Уставот.
„Веруваме дека цело ВМРО-ДПМНЕ треба да го направи тоа, за да не го пропушти возот за поддршка за ЕУ. Го пропуштија возот за поддршка за членство во НАТО, а не би требало да го пропуштат за ЕУ“ рече Маричиќ во интервју за ТВ24.
Тој смета дека секој пратеник има одговорност, бидејќи е избран од граѓаните, да одговори на повикот за остварување на нашите стратешки цели.
„Членството во НАТО го постигнавме. Дел од пратениците тогаш од ВМРО-ДПМНЕ одговорија позитивно на тој повик. Ние веруваме дека е можно и цело ВМРО-ДПМНЕ, како партија да го направи тоа, доколку сака да го фати возот за поддршка на ЕУ. Го пропуштија тој воз за НАТО, не би требало да го пропуштат за ЕУ“ – изјави Маричиќ и напомена дека „повикот ќе го држиме активен“.