Марихуана, пиштол, куршуми: Акција на МВР во Куманово

Полициски службеници од одделот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Куманово заедно со колеги од одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност на МВР, денеска беа во полициска акција во Куманово, откако претходно добиле судска наредба. На две локации е извршен претрес кај 29 годишниот М.Д.

При претресот во викендица во местото ,,Стари лозја” во Куманово, била пронајдена марихуана, пиштол Валтер, калибар 7,65 милиметри. Лицето М.Д. не било пронајдено во домот и по него се трага, а за случајот е известен обвинител од ЈО Куманово.