Марихуаната од Македонија во Србија влегла како „квалитетни лесни перници“?
Во емисијата „Код“ на Телма вечерва беа откриени детали за тоа како марихуаната која што беше фатена во Србија во Коњух била транспортирана од Македонија во Србија. Имено, според „КОД“, марихуаната влегла во Србија во камион декларирана како „квалитетни лесни македонски перници од Прилеп“ кои „требало“ да патуваат за Манчестер, Англија.

Но, во камионот наместо перници, имало 200 кутии од по 6 килограми марихуана, натоварена во камионот на паркинг кај Свети Николе, а донесена била од повеќе возила од Алфафарм без полициска придружба. Перниците биле извадени од камионот и претоварени во друг, а првиот камион бил натоварен со кутиите марихуана. Возач на камионот бил Александар Ивановски кој е сега притворен.
Преминот на камионот натоварен со марихуаната бил на Стара Нова Година, ноќта меѓу 13 и 14 јануари. Марихуаната била со двојно најлонско пакување, за да се намали мирисот и да не се предизвика внимание на кучињата трагачи на граница, објави КОД.
Во декември 2025 година вработените во Алфафарм добиле наредба да спакуваат над 8.800 килограми канабис во кутии кој бил донесен од струмички фабрики, по што работниците за 2 недели ја завршиле работата а потоа газдите ги испратиле на колективен одмор, открива КОД.
Никој не ја намирисал марихуаната и таа не поминала детална проверка на граница. Излезот и транзитот ѝ е како „перници“.