Марио Драги: Веднаш преговори за влез во ЕУ со Албанија и С. Македонија!

Премиерот на Италија – Марио Драги повика на „итен“ почеток на официјалните пристапни преговори на С. Македонија и Албанија со ЕУ и побара „забрзување“ на преговорите со Србија и Црна Гора

„Во време кога ЕУ го зајакна единството и ја поддржа Украина во борбата против руската офанзива, „целосната интеграција на земјите кои покажуваат европски аспирации не претставува закана за европскиот проект, тоа е дел од неговата реализација“ – рече Драги во говор во Европскиот парламент во Стразбур.

Тој рече дека Италија поддржува „итно отворање на преговорите за членство во ЕУ со Албанија и С. Македонија во согласност со одлуката донесена од Европскиот совет во март 2020 година“.

„Сакаме да им дадеме нов поттик на преговорите со Србија и Црна Гора и да покажеме поголемо внимание на легитимните аспирации на Босна и Херцеговина и Косово“ – рече Драги.