Мариника Тепиќ тврди дека има документи од Франција за поврзаност на српските власти со трговија со дрога

Тепиќ денескa изјави дека Србија е управувана од „државен нарко-картел“, наведувајќи дека документите што француската полиција ги доставила до српското Обвинителство за организиран криминал укажуваат дека „претседателот на државата Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј соработувале со Филип Кораќ“, осуден во таа земја за трговија со дрога, оружје и ликвидации.

Потпретседателката на српската Партија за слобода и правда, Мариника Тепиќ, на денешната прес-конференција објави дека француската полиција и обвинителството пред четири години доставиле докази до српското Обвинителство за вмешаноста на државниот врв во организиран криминал, но дека српските судски власти молчат за тоа. Тепиќ денескa изјави дека Србија е управувана од „државен нарко-картел“, наведувајќи дека документите што француската полиција ги доставила до српското Обвинителство за организиран криминал укажуваат дека „претседателот на државата Александар Вучиќ и неговиот брат Андреј соработувале со Филип Кораќ“, осуден во таа земја за трговија со дрога, оружје и ликвидации.

– Илјадници страници со докази, фотографии, аудио снимки и преписка, обвинителството за организиран криминал, … ги чува во фиока четири години. И природно се поставува прашањето, кој е заплашен тука, кој е корумпиран тука, кој е уценуван и кој исто така прави кривични дела со своето недејствување. Важноста на овие француски документи и докази ја покажува Црна Гора, на пример, чии судски власти истражуваат и гонат корумпирани полицајци, обвинители и мафијата. Нивните медиуми, за разлика од нашите, го објавуваат сето тоа. Затоа од денеска, во следните неколку дена, ќе покажувам секој ден какви докази собрала Франција. Со надеж дека некој ќе биде охрабрен и ќе дејствува врз основа на нив – вели Тепиќ.
Таа додаде дека Обвинителството ја има таа документација веќе четири години.

– Бидејќи оваа документација што ја имаме, повторувам, обвинителството за организиран криминал ја има веќе многу години, најмалку четири години. Во 2023 година, оваа документација ги одведе само Филип Кораќ и неговите соработници во француски затвори, обвинети за трговија со дрога, оружје, организирани криминални групи и ликвидација. Има морничави работи тука, колку длабоко луѓето што ја водат Србија се вмешани во криминал. Од тоа, половина од српската влада е, цитирам, на кокаин, или дека соработниците на Филип Кораќ собирале гласови за СНС, изјави Мариника Тепиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го повика обвинителството да ги истражи тврдењата на Тепиќ, дека соработувал со криминалецот Филип Кораќ, нагласувајќи дека тоа е лага.