Маринакис: Германските репарации и окупаторскиот заем се цврсти грчки национални барања

Германските репарации и окупаторскиот заем се цврсти национални барања на Грција, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, меѓутоа не откри дали оваа тема ќе се најде на утрешната средба на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Германските репарации и окупаторскиот заем се цврсти национални барања на Грција, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, меѓутоа не откри дали оваа тема ќе се најде на утрешната средба на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, јави дописничката на МИА од Атина.

– Не ја знам агендата на средбата, но факт е дека прашањата за германските репарации и окупаторскиот заем во целина се цврсти национални барања и цврсти грчки барања, неотуѓиви барања на грчката држава, од кои никогаш не се откажавме и е нешто што сакаме да го ставиме јасно на знаење и дека ќе продолжиме да го покренуваме на соодветен начин, рече Маринакис.

Претседателот на Германија од денеска е во тридневна официјална посета на Грција, што ја започна во Солун, а утре во Атина ќе биде примен од грчката претседателка и ќе се сретне со грчкиот премиер.